Уписи

РЕПУБЛИКА  СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ
Јане Сандански„ ц.о.
Бр.02-335/1
09.04.2020 година
Ш Т И П  

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование ( „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18) и член 40 од Статутот на СОУ „ Јане Сандански “ Штип, а согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука, Училишната Комисија при Средното општинско училиште „ Јане Сандански “ од Штип објавува:

 

 

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП

ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

 

БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

 

Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

 

Здравствена струка Број на ученици Број на паралелки Траење на образованието Минимум поени
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА 102 3 4 70
ЗАБЕН ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
ФАРМАЦЕВТСКИ ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 68 2 4 70