Конкурсни рокови

КОНКУРСНИ РОКОВИ

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок, со три пријавувања, во месец ЈУНИ.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 16 и 17 јуни 2020 година од 08:00 до 14:30 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Ако се пријават поголем број на ученици од планираниот број со еднаков број на бодови квалификационото тестирање ќе се организира по предметите биологија и хемија на 22 јуни 2020 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 22 јуни 2020 година.

Второто пријавување и запишување на учениците (доколку останат слободни места) ќе се врши на 24  и 25 јуни 2020 година од 08:00 до 14:30 часот, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците (доколку останат слободни места) ќе се врши на 29 jуни 2020 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Доколку останат непотполнети места запишувањето на учениците продолжува до 31 август 2020 година.