Критериуми

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

 

Критериуми за избор на учениците се:

  • Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • Среден успех на ученикот постигнат по предметите: мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија;
  • Дипломи од освоени ( I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од Акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија;
  • Средна вредност од поени добиени за поведение.

 

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија) ученикот може да добие најмногу 20 поени ( 5 поени од секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени ( за освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со четири).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80 поени.

За второто и третото пријавување училиштето ќе ги намали утврдениот број на минимум поени дадени на овој Оглас, само по добиена согласност од Министерството за образование и наука.

Училиштето е должно со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да ги истакнат утврдените минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимум поени треба да се изврши на 22 јуни 2020 година за второто пријавување, односно на 26 јуни 2020 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Пријавувањето на огласот и доставувањето на документите го објавува лично ученикот т.е. родителот или старателот.

Некомплетни и неисправни документи не се примаат.

За примени документи се издава потврда за извршен прием.