УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во учебната 2020/2021 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука и овој интерен оглас.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во училиштето, нема да има обезбедено ако здравствената струка и образовните профили ги има во општината, односно регионот.
Наставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.
Услови за запишување на учениците се:
- Да имаат завршено основно образование;
- Да не се постари од 17 години;
- Да се определиле за план и програма за стручно образование и за еден од профилите на овој оглас;
- Да ги исполнуваат критериумите утврдени во овој оглас.
Учениците од ромска етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поени предвидени согласно овој оглас.