ЗАВРШЕН ИСПИТ  2020/2021 ГОДИНА

 

Завршниот испит може да се полага во два испитни рока Јунски и Августовски.

Завршниот испит се состои од испит по 3 предмети, македонски јазик и литература, изборен стручен предмет и проектна задача. (Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување завршен испит треба да одберат проектна задача во соработка со професор-ментор, најдоцна до 1.12.2020 а потоа да предадат комплетно пополнета пријава, која ќе може да ја најдат кај класните и референтот за вонредни испити) (Презентација и одбрана на проектната задача се реализира во периодот од 10.03.2021 година до 21.04.2021 година).

Пријавувањето за Завршен испит за јунски испитен рок,  започнува од  01.12.2020 до 15.12.2020 а  вонредните ученици што се запишале подоцна, може да се пријавуваат  до 15.02.2021.

Пријавувањето за вториот рок е во мај и трае до 01.06.2021. (Презентација и одбрана на проектната задача се реализира во периодот од 18.08.2021 година до 24.08.2021 година).

Уплатата за вонредните ученици за пријавување на завршен испит изнесува 6,000,00 денари (на жиро сметката за испити).

Учениците изработената проектна задача треба да ја предадат најдоцна до март, а ќе ја бранат / полагаат на крајот на март и април, односно август, по претходно објавен распоред.

Проектната задача се брани, независно дали учениците (вонредни) имаат уште предмети за полагање, а останатите предмети од завршниот испит се полагаат во јуни само ако ученикот ги положил сите предмети од IV година.

Датуми за полагање на завршен испот во јунска испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

14.06.2021 –  македонски јазик и литература

17.06.2021  – стручен предмет

Втора декада во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

29.06.2021 –  македонски јазик и литература

30.06.2021 – стручен предмет

Сите испити се со почеток во 09:00 часот.

Датуми за полагање на завршен испот во августовска испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

16.08.2021 –  македонски јазик и литература

18.08.2021  – стручен предмет