О Г Л А С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование ( „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и 229/20) и член 40 од Статутот на СОУ „ Јане Сандански “ Штип, а согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука, Училишната Комисија при Средното општинско училиште „ Јане Сандански “ од Штип објавува:

 

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП

ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

  1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

 

Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

 

Здравствена струка Број на ученици Број на паралелки Траење на образованието Минимум поени
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА 102 3 4 70
ЗАБЕН ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИСКО-САНИТАРЕН ТЕХНИЧАР 34 1 4 70

 

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Запишувањето на учениците во учебната 2021/2022 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука и овој интерен оглас.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во училиштето, нема да има обезбедено ако здравствената струка и образовните профили ги има во општината, односно регионот.

Наставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Услови за запишување на учениците се:

  • Да имаат завршено основно образование;
  • Да не се постари од 17 години;
  • Да се определиле за план и програма за стручно образование и за еден од профилите на овој оглас;
  • Да ги исполнуваат критериумите утврдени во овој оглас.

Учениците од ромска етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поени предвидени согласно овој оглас.

 

  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • Пријава за запишување (пријавата за запишување ЈА ИЗГОТВУВА Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страна, ученикот ја подигнува и од училиштето и истата е бесплатна);
  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Дипломи (доколку имаат) од освоени ( I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија);
  • Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок, со три пријавувања во месец ЈУНИ.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година од 07:00 до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во периодод 07:00 часот до 15:00 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Ако се пријават поголем број на ученици од планираниот број со еднаков број на бодови квалификационото тестирање ќе се организира по предметите биологија и хемија на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците (доколку останат слободни места) ќе се врши на 23  и 24 јуни 2021 година од 07:00 до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во периодот од 07:00 часот до 15:00 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Ако се пријават поголем број на ученици од планираниот број со еднаков број на бодови квалификационото тестирање ќе се организира по предметите биологија и хемија на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Третото пријавување и запишување на учениците (доколку останат слободни места) ќе се врши на 30 јуни 2021 година во периодот од 07:00 часот до 19:00 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Доколку останат непотполнети места запишувањето на учениците продолжува до 31 август 2021 година.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

 

Критериуми за избор на учениците се:

  • Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • Среден успех на ученикот постигнат по предметите: мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија;
  • Дипломи од освоени ( I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од Акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија;
  • Средна вредност од поени добиени за поведение.

 

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија) ученикот може да добие најмногу 20 поени ( 5 поени од секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени ( за освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни акредитирани натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со четири).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80 поени.

За второто и третото пријавување училиштето ќе ги намали утврдениот број на минимум поени дадени на овој Оглас, само по добиена согласност од Министерството за образование и наука.

Училиштето е должно со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да ги истакнат утврдените минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимум поени треба да се изврши на 21 јуни 2021 година за второто пријавување, односно на 25 јуни 2021 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Пријавувањето на огласот и доставувањето на документите го објавува лично ученикот т.е. родителот или старателот.

Некомплетни и неисправни документи не се примаат.

За примени документи се издава потврда за извршен прием.

 

  1. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И ФОРМИРАЊЕ НА ПАРАЛЕЛКИ

 

Изборот и запишувањето на учениците се врши според плановите и програмите за кои ученикот се определи врз основа на вкупниот број на поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, ја повторувале годината во Средното општинско училиште „Јане Сандански “ Штип имаат обврска да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

 

  • РОК ЗА ПОДИГАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ НА НЕЗАПИШАНИТЕ УЧЕНИЦИ

 

Документи испратени по пошта и некомплетни документи за учениците кои се пријавуваат на ОГЛАСОТ нема да се разгледуваат.

По објавување на ранг листите, доколку кандидатите не се запишани, задолжително во рок од 48 часа си ги подигаат документите.

Кандидатот кој не е примен има право на приговор во рок од 24 часа од објавувањето на конечната ранг листа.

Училишната комисија ги разгледува приговорите истиот или наредниот ден од истекот на рокот за поднесување на приговорите.

Одлуката на Училишната комисија е конечна.

 

Претседател на Училишна Комисија

Директор

Маја Гичева