Category: Uncategorized

О Г Л А С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА – ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование ( „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и 229/20) и член 40 од Статутот на СОУ „ Јане Сандански “ Штип, а согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука, Училишната Комисија при Средното општинско училиште „ Јане Сандански “ од Штип објавува:

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП

ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

  1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат вкупно 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик.

Запишани ученици на 22.06.2021 година и Слободни места за второ пријавување вкупно 108 според наставните планови и програми за:

Здравствена струка Број на ученици Број на паралелки Траење на образованието Минимум поени
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА 19 3 4 70
ЗАБЕН ТЕХНИЧАР 17 1 4 70
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 25 1 4 70
ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 19 1 4 70
МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИСКО-САНИТАРЕН ТЕХНИЧАР 28 1 4 70

Сите останати критериуми важат од Огласот за запишување ученици во СОУ „ Јане Сандански “ Штип во I (прва) година за учебната 2021/2022 година од 21.04.2021 година

Одлуката на Училишната комисија е конечна.

Претседател на Училишна Комисија

                                                                                                                                                                                                                                                                                           Директор

                                                                                                                                                                                                                                                                                               Маја Гичева

РАСПОРЕД За полагање на ВОНРЕДНИ испити во ЈУНСКИ испитен рок 2021 година

Ред.бр                  Предмет Дата Ден Час Испитувач
1. Хигиена со здрав. воспитување 21.06.2021 Понеделник 10 ч. Е.Анчевска
2. Практична настава-сестри.  IIг 21 06.2021 Понеделник 10 ч В. Андова
3. Практична настава-сестри.  IVг 21.06.2021 Понеделник 10 ч. М.Ефтимова
4. Физиологија 22.06.2021 Вторник 09.30ч М. Смилкова
5. Спорт и спортски активности II 22.06.2021 Вторник 09.30ч. М.Маџаров
6. Аналитичка хемија II 22.06.2021 Вторник 09.30ч В.Георгијева
7. Хемија – изборен IV 22.06.2021 Вторник 09.30ч Б. Панева
8. Биологија II 22.06.2021 Вторник 09.30ч Л.Анастасова
9. Информатика I , II 23.06.2021 Среда 09.30ч Л.Накова
10. Микробиологија и инфектологија II 23.06.2021 Среда 09.30ч Д.Шарковска
11. Пракрична настава фармацевти II 23.06.2021 Среда 10ч. М.Антоловиќ
12. Фармацевтска хемија IV 23.06.2021 Среда 10ч. С.Ставрева
13. Анатомија 24 06.2021 Четврток 10ч.  М. Смилкова
14. Практична настава-сестри IIIг 24.06.2021 Четврток 10ч. М.Николиќ
15. Патологија 25.06.2021 Петок 10ч. Е.Анчевска
16. Физикална терапија III 25.06.2021 Петок 10ч. С.Коцева
17. Фармацевтска технологија II, IV 25.06.2021 Петок 10ч. В.Митев
18. Англиски јазик IVг. 25.06.2021 Петок 10ч. К.Цурева
19. Рехабилитација IIIг 28.06.2021 Понеделник 10ч. С.Коцева
20. Рехабилитација – изборен IV 28.06.2021 Понеделник 10ч. С.Коцева
21. Физикална терапија- изборен IV 28 06.2021 Понеделник 10ч. С.Коцева
22. Невропсихијатрија со нега 28.06.2021 Понеделник 10ч. А. Каракерезова
23. Микробиологија и инфектологија со нега III 28 06.2021 Понеделник 10ч. А. Каракерезова
24. Бизнис III,IV 29.06.2021 Вторник 09.30ч. Н.Трајкова
25. Психологија 29.06.2021 Вторник 09.30ч А.Галабовска
26. Граѓанско образование 29.06.2021 Вторник 09.30ч С.Чамушева
27. Хирургија со гин. и акуш.со нега-изборен III 29.06.2021 Вторник 10ч Г.Ристова
28. Основи на нега 30.06.2021 Среда 10ч Г.Дамбев
29. Хирургија со гин. и акуш.со негаIII 30.06.2021 Среда 10ч Г.Дамбев
30. Македонски јазик и литература IV 30.06.2021 Среда 10ч Е.Карпичарова

ЗАВРШЕН ИСПИТ  2020/2021 ГОДИНА

 

Завршниот испит може да се полага во два испитни рока Јунски и Августовски.

Завршниот испит се состои од испит по 3 предмети, македонски јазик и литература, изборен стручен предмет и проектна задача. (Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување завршен испит треба да одберат проектна задача во соработка со професор-ментор, најдоцна до 1.12.2020 а потоа да предадат комплетно пополнета пријава, која ќе може да ја најдат кај класните и референтот за вонредни испити) (Презентација и одбрана на проектната задача се реализира во периодот од 10.03.2021 година до 21.04.2021 година).

Пријавувањето за Завршен испит за јунски испитен рок,  започнува од  01.12.2020 до 15.12.2020 а  вонредните ученици што се запишале подоцна, може да се пријавуваат  до 15.02.2021.

Пријавувањето за вториот рок е во мај и трае до 01.06.2021. (Презентација и одбрана на проектната задача се реализира во периодот од 18.08.2021 година до 24.08.2021 година).

Уплатата за вонредните ученици за пријавување на завршен испит изнесува 6,000,00 денари (на жиро сметката за испити).

Учениците изработената проектна задача треба да ја предадат најдоцна до март, а ќе ја бранат / полагаат на крајот на март и април, односно август, по претходно објавен распоред.

Проектната задача се брани, независно дали учениците (вонредни) имаат уште предмети за полагање, а останатите предмети од завршниот испит се полагаат во јуни само ако ученикот ги положил сите предмети од IV година.

Датуми за полагање на завршен испот во јунска испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

14.06.2021 –  македонски јазик и литература

17.06.2021  – стручен предмет

Втора декада во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

29.06.2021 –  македонски јазик и литература

30.06.2021 – стручен предмет

Сите испити се со почеток во 09:00 часот.

Датуми за полагање на завршен испот во августовска испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

16.08.2021 –  македонски јазик и литература

18.08.2021  – стручен предмет

ДРЖАВНА МАТУРА 2020/2021 ГОДИНА

Матурата се полага во два рока: јунски (проектната задача е во март, април), а вториот рок за полагање на Државна матура е во август, но пријавувањето е само за тие што паднале на некој испит во јуни и се врши по објавувањето на резултатите во јули.

Полагањето на државна матура е неопходно за оние ученици кои своето образование сакаат да го продолжат на факултет.

За повеќе информации консултирајте го сајтот www.matura.gov.mk или обратете се на факултетите за кои сте заинтересирани.

Датуми за полагање на државна матура во јунска испитна сесија 2021 година

Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

05.06.2021 –  македонски јазик и литература

11.06.2021 – англиски јазик

14.06.2021  – интерен општообразовен предмет

16.06.2021  – стручен предмет

Втора декада во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

25.06.2021 –  македонски јазик и литература

28.06.2021 – англиски јазик

01.07.2021  – интерен општообразовен предмет

02.07.2021  – стручен предмет

Сите испити се со почеток во 10:00 часот.

Датуми за полагање на државна матура во августовска испитна сесија 2021 година

Екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија 2021 година ќе се реализираат во следниве термини:

11.08.2021 –  македонски јазик и литература

13.08.2021 – англиски јазик

16.08.2021  – интерен општообразовен предмет

18.08.2021  – стручен предмет

О Г Л А С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование ( „Службен весник на Република Северна Македонија “ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и 229/20) и член 40 од Статутот на СОУ „ Јане Сандански “ Штип, а согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука, Училишната Комисија при Средното општинско училиште „ Јане Сандански “ од Штип објавува:

 

О Г Л А С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ УЧЕНИЦИ ВО СОУ „ ЈАНЕ САНДАНСКИ “ ШТИП

ВО I (ПРВА) ГОДИНА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

  1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

 

Во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

 

Здравствена струка Број на ученици Број на паралелки Траење на образованието Минимум поени
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА 102 3 4 70
ЗАБЕН ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
ФИЗИОТЕРАПЕВТСКИ ТЕХНИЧАР 34 1 4 70
МЕДИЦИНСКИ ЛАБОРАТОРИСКО-САНИТАРЕН ТЕХНИЧАР 34 1 4 70

 

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

 

Запишувањето на учениците во учебната 2021/2022 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија од Министерството за образование и наука и овој интерен оглас.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во училиштето, нема да има обезбедено ако здравствената струка и образовните профили ги има во општината, односно регионот.

Наставата ќе се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

Услови за запишување на учениците се:

  • Да имаат завршено основно образование;
  • Да не се постари од 17 години;
  • Да се определиле за план и програма за стручно образование и за еден од профилите на овој оглас;
  • Да ги исполнуваат критериумите утврдени во овој оглас.

Учениците од ромска етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поени предвидени согласно овој оглас.

 

  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • Пријава за запишување (пријавата за запишување ЈА ИЗГОТВУВА Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страна, ученикот ја подигнува и од училиштето и истата е бесплатна);
  • Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
  • Дипломи (доколку имаат) од освоени ( I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија);
  • Извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 

  1. КОНКУРСНИ РОКОВИ

 

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок, со три пријавувања во месец ЈУНИ.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година од 07:00 до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во периодод 07:00 часот до 15:00 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Ако се пријават поголем број на ученици од планираниот број со еднаков број на бодови квалификационото тестирање ќе се организира по предметите биологија и хемија на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците (доколку останат слободни места) ќе се врши на 23  и 24 јуни 2021 година од 07:00 до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во периодот од 07:00 часот до 15:00 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Ако се пријават поголем број на ученици од планираниот број со еднаков број на бодови квалификационото тестирање ќе се организира по предметите биологија и хемија на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Третото пријавување и запишување на учениците (доколку останат слободни места) ќе се врши на 30 јуни 2021 година во периодот од 07:00 часот до 19:00 часот, а ранг листите со резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Доколку останат непотполнети места запишувањето на учениците продолжува до 31 август 2021 година.

 

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

 

Критериуми за избор на учениците се:

  • Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
  • Среден успех на ученикот постигнат по предметите: мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија;
  • Дипломи од освоени ( I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од Акредитирани здруженија од Министерството за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија;
  • Средна вредност од поени добиени за поведение.

 

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (мајчин јазик, странски јазик, биологија и хемија) ученикот може да добие најмногу 20 поени ( 5 поени од секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени ( за освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни акредитирани натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со четири).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добие најмногу 80 поени.

За второто и третото пријавување училиштето ќе ги намали утврдениот број на минимум поени дадени на овој Оглас, само по добиена согласност од Министерството за образование и наука.

Училиштето е должно со интерен оглас за второто пријавување, односно третото пријавување да ги истакнат утврдените минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимум поени треба да се изврши на 21 јуни 2021 година за второто пријавување, односно на 25 јуни 2021 година за третото пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

Пријавувањето на огласот и доставувањето на документите го објавува лично ученикот т.е. родителот или старателот.

Некомплетни и неисправни документи не се примаат.

За примени документи се издава потврда за извршен прием.

 

  1. ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И ФОРМИРАЊЕ НА ПАРАЛЕЛКИ

 

Изборот и запишувањето на учениците се врши според плановите и програмите за кои ученикот се определи врз основа на вкупниот број на поени што се пресметуваат одделно за секој кандидат.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, ја повторувале годината во Средното општинско училиште „Јане Сандански “ Штип имаат обврска да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

 

  • РОК ЗА ПОДИГАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ НА НЕЗАПИШАНИТЕ УЧЕНИЦИ

 

Документи испратени по пошта и некомплетни документи за учениците кои се пријавуваат на ОГЛАСОТ нема да се разгледуваат.

По објавување на ранг листите, доколку кандидатите не се запишани, задолжително во рок од 48 часа си ги подигаат документите.

Кандидатот кој не е примен има право на приговор во рок од 24 часа од објавувањето на конечната ранг листа.

Училишната комисија ги разгледува приговорите истиот или наредниот ден од истекот на рокот за поднесување на приговорите.

Одлуката на Училишната комисија е конечна.

 

Претседател на Училишна Комисија

Директор

Маја Гичева

 

Распоред за полагање вонредни испити во априлскиот испитен рок

Ред.бр           Предмет Дата Ден Час Испитувач Член Член
1. Практична настава-мед. сестра IIг. 20.04.2021 Вторник 10 ч. К. Шаклева С. Павлова В.Андова
2. Практична настава-физиотер. тех. IIг 20 04.2021 Вторник 10 ч И. Костова С.Илиевски Д. Стојановски
3. Англиски јазик за II г 21.04.2021 Среда 11 ч. А Митева Н. Панев С.Спасова
4. Микробиологија и инфектологија IIг 21.04.2021 Среда 12.30 Д.Шарковска Е. Анчевска С. Коцева
5. Практична настава-мед. сестра IIIг 21.04.2021 Среда 10ч. М.Николиќ В. Накова С.Павлова
6. Рехабилитација IV- изборен 21.04.2021 Среда 12.30 С.Коцева Е.Анчевска Д.Шарковска
7. Физикална терапијаIV- изборен 21.04.2021 Среда 12.30 С.Коцева Е Анчевска Д.Шарковска
8. Анатомија 22.04.2021 Четврток 10ч. М Смилкова П. Јовева Б. Панева
9. Физиологија 22.04.2021 Четврток 10ч. М. Смилкова П.Јовева Б.Панева
10. Фиксна протетика II г. 22 04.2021 Четврток 10ч. Ј Милошева Т.Гаќева Г.Вереса
11. Македонски јазик и литература IV 22.04.2021 Четврток 12.30 Е. Карпичарова В. Бочварска С.Стојанова
12. Ортодонција 22.04.2021 Четврток 10ч. Ј. Милошева Т.Гаќева Г.Вереса
13. Информатика IIг 23.04.2021 Петок 10ч. Л.Накова Д.Ангелова Д.Илиев
14. Интерна и педијатрија III-изборен 23.04.2021 Петок 10ч. В.Накова Е.Саракинова Н. Јосева
15. Психологија 23.04.2021 Петок 10ч. А Галабовска С.Чамушева С Момчилова
16. Граѓанско образование 23.04.2021 Петок 10ч. С.Чамушева А Галабовска С Момчилова
17. Практична настава-забен тех. IIг 26.04.2021 Понеделник 10ч. Ј Милошева Т.Гаќева Г.Вереса
18. Основи на нега 26 04.2021 Понеделник 10ч. Г.Дамбев А.Каракерезова В.Андова
19. Интерна и педијатрија IV-изборен 26.04.2021 Понеделник 10ч. М.Ефтимова Е.Саракинова М.Николиќ
20. Хирургија со гин.и акушер.со нега IV 26 04.2021 Понеделник 10ч. Г.Дамбев А.Каракерезова В.Андова
21. Невропсихијатрија со нега 26.04.2021 Понеделник 10ч. А.Каракерезова Г.Дамбев В.Андова
22. Хирургија со гин.и ак.со нега IV-избор 27.04.2021 Вторник 12.30ч С.Тонева К.Шаклева В.Југова
23. Патологија 28.04.2021 Среда 12.30ч Е.Анчевска С.Коцева Д.Шарковска
24. Биологија 28.04.2021 Среда 11ч Л.Анастасова Н.Трајкова С.Спасова
25. Интерна и педијатрија III 28.04.2021 Среда 12.30ч Д.Шарковска С.Коцева Е.Анчевска
26. Рехабилитација IV 28.04.2021 Среда 12.30ч С.Коцева Е.Анчевска Д.Шарковска
27. Бизнис IV 28.04.2021 Среда 11ч Н.Трајкова С.Спасова Л.Анастасова
28. Интерна и педијатрија IV 29.04.2021 Четврток 12.30ч Д.Шарковска С.Коцева П.Митевска
29. Практична настава-мед.сестра IV 29.04.2021 Четврток 10ч Г.Ристова М.Ефтимова Е.Саракинова
30. Физикална терапија IV 29.04.2021 Четврток 12.30ч С.Коцева Д.Шарковска П.Митевска
31. Латински јазик 21.04.2021 Среда 10ч. Г.Мијалкова Н.Панев П.Митевска

Распоред за полагање вонредни испити – Февруари 2021

распоред-за-полагање-вонредни-испити-февруари-2021

Одлука за вонредни испити

Одлука-вонредни-испити-февруари

Препораки за однесување на наставниците и учениците за време на наставата од далечина

Препораки-за-онлајн-настава-24.11.2020

Соопштение за државна матура

Се известуваат сите ученици на СОУ „ Јане Сандански“ Штип, вонредни и редовни, дека треба да се пријават за државна матура до 31.12.2020 година без разлика дали ќе полагаат во јунскиот или во августовскиот испитен рок.

Ви соопштуваме дека активностите и роковите во врска со државната матура за учебната 2020/2021 година се:

  • 11.2020 година – краен рок за избор на тема за проектна задача;
  • од 01.12.2020 година до 31.12.2020 година – пријавување на учениците за полагање на државна матура

 

ВД Директор

Маја Гичева