ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ
Забен Техничар
Профилот Забен техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за изработка на:
- тотални и парцијални акрилатни протези
- скелетираи парцијални протези
- едноделно леани протетички конструкции фасетирани со синтетски маси
- инлеи, онлеи и леани надградби
- соло коронки од метал керамика ( естетски коронки);
- се грижи за правилно чување и одржување на апаратите и инструментите
- администрирање, евидентирање и документирање на работни налози и материјали
инфо плус
Повеке информации за профилот
Практичната настава по стручните предмети за профилот забен техничар се започнува од втора година и се одвива во соодветни кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на дентални протетички помагала. Во рамките на стручните предмети предвидена е феријална пракса во институции кои обавуваат стоматолошка дејност. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата. Можности за вработување Образовниот профил забен техничар може да да ги извршува работните задачи во заботехнички лаборатории во рамките на стоматолошки ординации и клиники, претставништва кои се занимаваат со производство и продажба на заботехнички инструменти и материјали. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.