ОБРАЗОВНИ ПРОФИЛИ
Медицинска сестра/техничар
Профилот Медицинска сестра/техничар во СОУ „Јане сандански“ – Штип овозможува низ четиригодишно образование учениците да се стекнат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични вештини.
После завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како Медицинска сестра/техничар, или да го продолжи своето образование на некој од факултетите.
Практичната настава започнува во вид на феријална пракса пред почетокот на втора година, А во текот на втора и до четврта ее изведува во добро опремените кабинети и во КБ-Штип каде што учениците ќе се стекнат со вистински и трајни искуства и вештини за работа. моментално во училиштето има три паралелки од профилот на Медицинска сестра/техничар.